Есенскиот изглед на белиот чипкан фустан
Сигурни сме дека имате барем еден бел чипкан фустан во гардероберот, кој обожававте да го носите ова лето со рамни сандали, балетанки или шарени високи потпетици.
Како што крајот на летото се ближи, тоа не мора да значи крај на сезоната за овој мини романтичен фустан. Белата боја изгледа уште подобро во есен!
На вас е само да се одлучите како да ја комбинирате белата чипка, каква јакничка ќе одберете, какви аксесоари ќе додадете и дали ќе носите ниски чизмички или високи потпетици.
Еве како може да изгледате оваа есен:
Бела чипка + црна кожна јакна
Тексас јакната е најпопуларно есенско надополнување
За есен совршени се и земјените нијанси
Разиграјте ја белата едноставност со необичен принт
Колор блокинг
Или вечна црно-бела едноставност