Како да направите антиперспирант на природна база?

Голем број од дезодорансите кои се нудат како опција ги спречуваат непријатните мириси, но неретко содржат штетни хемикалии. Подобар избор секако се дезодорансите на природна база, подготвени од состојки кои се наоѓаат во вашата кујна, а нивна огромна предност е што се подготвени за само неколку минути.

kako-da-napravite-antiperspirant-na-prirodna-baza-01

Дезодоранс со кокосово масло

Состојки: ¼ чаша сода бикарбона, ¼ чаша пченкарен скроб, 5 лажици кокосово масло, неколку капки есенцијално масло

Подготовка: Промешајте ја содата со пченичниот скроб, па додајте го маслото од кокос. Состојките добро измешајте ги и по желба додадете неколку капи есенцијално масло од портокал или друг свеж мирис.

Дезодоранс со путер

Состојки: 3 лажици кокосово масло, 3 лажици сода бикарбона, 2 лажици путер, 2 лажици пченкарен скроб, есенцијални масла

Подготовка: Растопете го путерот и кокосовото масло на тивок оган. Тргнете од рингла и додајте го пченичниот скроб, содата и есенцијалните масла. Оставете во фрижидер да се олади пред употреба.

Дезодоранс со маслиново масло

Состојки: 1 лажица сода бикарбона, 2 лажици пченкарен скроб, маслиново масло

Подготовка: Помешајте ја содата со пченкарниот скроб и капнете неколку капки маслиново масло. Нанесете ја смесата под пазувите и оставете ја да делува. Маслиновото масло можете да го замените со кокосово или потполно да го изоставите.

Дезодорансот ќе биде подеднакво делотворен, затоа што тајната лежи во својствата на сода бикарбоната.

Би можело да ве интересира:

Бои на облека кои најмногу одговараат на бринети: 5 победнички опции Бои кои ќе ја истакнат вашата природна убавина и боја на коса, а со кои ќе изгле...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg