Најчести машки модни грешки кои по секоја цена треба да ги избегнете

Мажи, во неколку едноставни чекори избегнете ги најчестите летни модни грешки и обидете се да исфрлите од гардероберот сè што ќе прочитате во продолжение.

najcesti-maski-modni-greski-koi-po-sekoja-cena-treba-da-gi-izbegnete-01

Прекратки панталони

Машките нозе не се создадени за да бидат 90% откриени, напротив. Доволно кратки се шорцевите неколку сантиметри над колениците. 20 сантиметри материјал плус нема да ве загреат дополнително, а ќе изгледате многу поелегантно и мажествено.

Претесни кошули

Струкираните кошули се сосема во ред, но не и оние кои постојано ви се откопчуваат. Колку и да сте во форма, тесните кошули ќе ве направат да изгледате како едвај да дишете. Затоа одбирајте добро скроени кошули, со точен број.

Маички со длабок V израз

Деколтето оставете им го на жените, а вие уживајте во едноставните полукружни отвори на маиците. Секогаш е подобро да одберете ленена кошула за на плажа која ќе ја откопчате за едно копче плус, отколку да облечете длабок V израз.

najcesti-maski-modni-greski-koi-po-sekoja-cena-treba-da-gi-izbegnete-02

Кожни папучи

Папучите со дебели ремчиња и чудни плетки веќе одамна требаше да ги фрлите. За лето доволни ви се еден пар апостолки, мокасинки или летни затворени еспадрили.

Смешни аксесоари

Разделете ги аксесоарите на летни и зимски, ако веќе ги носите. Марамите нека останат на некоја зимска полица, а во преден план извадете ги исклучиво очилата за сонце, квалитетниот часовник и сламените шешири. Во лето подобро изгледате со помалку додатоци на вас. Негувајте ја машката едноставност!

Би можело да ве интересира:

Модни парчиња кои ќе бидат тренд за зима 2024 (и треба да ги купите веднаш) Јакна „шал“, впечатливи ракавици и џемпери со сите бои на нив... Што ни носи зим...
8 грешки со кои несвесно правиме да изгледаме постаро отколку што сме Впечатливи цветни принтови, темна сенка за очите... Што треба да избегнуваме за ...
8 парчиња облека кои ни се омилени, но веќе не се во мода Фармерки „цевка“, широки палта, миди здолништа... иако ги обожаваме, веќе не се ...
5 грешки кога комбинирате зимска капа (и како да ги исправите) Темна капа не оди во комбинација со темни очила, но ни шубара не се комбинира со...
8 модели на сандали и влечки кои ќе бидат тренд ова лето Плетени, сандали со високи полни потпетици, влечки со златни и сребрени детали.....
8 модни грешки поради кои веднаш ќе изгледате постаро отколку што сте навистина Можеби ви стои убаво, но кафеавата боја „додава години“. И ја следи репутација н...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg