Направи сам: Шарени тексас шорцеви
Шарениот тексас многу лесно може да го претворите во совршен шорц за на плажа. Само пресечете ги ногавиците и подгответе го за избелување.
Подгответе избелувач, вода, пластичен сад, гумени ластичиња и поголема тегла.
Шорцот врзете го со многу ластичиња, во неправилни линии и купчиња. Што повеќе врзувате, толку пошарени ќе бидат летните шорцеви.
Потопете го во мешавина од вода и избелувач (колку вода, толку избелувач) притиснете го со големата тегла за да се потопи за да не исплива.
Оставете ја течноста да делува околу 20 минути или подолго, додека не ја добиете посакуваната боја, па исперете го џинсот во млака вода.
Отстранете ги ластичињата и изненадете се со шарата која сте ја добиле. Доколку не ви се допаѓа, постапката можете да ја повторите колку пати сакате.
Избледениот шорц е одличен во комбинација со едноставни маички или широки кошули, лесни балетанки или сандали и чанта за на плажа. Лежерен изглед за кој не треба да вложите многу.