Лесни и едноставни летни фризури (фото)
Се наоѓате на плажа каде што не можете да се изборите со топлината, а воедно сакате и да изгледате модерно?
Ако ви недостасуваат неколку идеи што да направите на брзина со косата, ова се неколку уникатни предлози. Користете и модерни аксесоари за да го надополните изгледот.
Замотана марама
Идеална фризура за вечерните излегувања, кога ви е неопходно да ја поткренете косата. Доволни ви се само неколку шноли и една марама за да изгледате како грчка божица.
Недовршена пунџа
Звучи комплицирано, но воопшто не е. Доволно е само да ја замотате косата во неколку дебели прамени и да ја прицврстите со шноли. Како да го изведете ова, ќе ви покажат фотографиите подолу.
Шешир и плетенки
За оваа фризура доволно е да знаете да плетете рибина коска плетенки, па малку да ги модифицирате. Во секој случај супер фризура за на плажа, а уште подобри локни ќе добиете кога ќе ги пуштите плетенките.