Корална боја за префинет летен изглед
Летото и елеганцијата секогаш одат едно со друго, бидејќи топлите денови даваат можност да се заблеска во нежни бои и женствени материјали.
Модните трендови поврзани за летото понекогаш не се баш најсоодветни затоа што може во облеката да се чувствувате непријатно бидејќи поголем дел од телото е откриен, или едноставно не ви е пријатно да носите дречливи бои кои што беа хит миантото лето.
Нема потреба да се грижите поради ова затоа што во текот на летото секогаш можете да и се свртите на класиката и да изгледате женствено и елегантно.
Затоа, одберете некоја од коралните бои, без разлика на модните трендови, тие секогаш се носат во лето.
Вашиот избор нека бидат посветлите нијанси на розовата боја, нежната беж, или црвенкасто портокаловата, а во комбинација со исончаниот тен вашиот изглед ќе биде полн погодок.
Потрудете се изгледот да го надополните со добра комбинација на смели додатоци како што се црвена крупна огрлица, сламен шешир или колан кој има различна боја од основната боја на облеката и под летното сонце секако ќе бидете забележани.
-->
|
-->
|