Како настануваат култните марами?

Првата „Хермес” марама е произведена во 1937 година, по повод стогодишнината на фирмата која до тогаш во главно била задолжена за изработка на кожна галантерија, па од тогаш овој префинет аксесоар претставува симбол на луксузот и гламурот.

kako-nastanuvaat-kultnite-marami-01

Ги има во секакви бои, модели, дезени и димензии, но сепак нивната изработка се изведува на само еден начин.

Модните студија ангажираат и до 50 дизајнери кои трошат по околу 2 години за изработка на секоја нова марама - од идејата и концептот, до финалниот производ.

При тоа, секоја марама има една единствена приказна, а често пати носи и индивидуален печат и вечен потпис на главниот дизајнер.

На еден примерок се употребуваат над 30 различни бои, при што дизајнерите некогаш и со денови дискутираат за нијансите, кои конечно ги одбираат од палетата на над 50.000 бои.

kako-nastanuvaat-kultnite-marami-02

Материјалите пак, се одбираат зависно од шарата и моделот - дали тоа ќе биде летна марама со цветен дезен или пак темна, зимска марама која ја има улогата на софистициран шал.

Печатењето и шарањето на овие марами се вршат исклучиво преку геометриски фигури, бидејќи само на тој начин работат најсовремените машини.

Крајниот производ е вистинско ремек дело на парче свила, памук или кашмир.

kako-nastanuvaat-kultnite-marami-03

Би можело да ве интересира:

Седа коса, брчки: Славните дами на Модната недела во Париз се доказ дека женската убавина е безвреме... Без разлика дали со некој килограм плус или седа коса на главата, познатите дами...
Бон-тон правила за носење чанта што треба да ги знае секоја дама Малата чанта не треба да ја држите под рака, а чантата со две пократки прерамки ...
8 модни грешки поради кои веднаш ќе изгледате постаро отколку што сте навистина Можеби ви стои убаво, но кафеавата боја „додава години“. И ја следи репутација н...
9 модни детали кои додаваат години и поради кои изгледате постаро отколку што сте Здолништа до под колено, обувки со дебели потпетици, брошови - кои се најголемит...
Бои на облека кои најмногу одговараат на бринети: 5 победнички опции Бои кои ќе ја истакнат вашата природна убавина и боја на коса, а со кои ќе изгле...
6 модели на капути и јакни кои се хит оваа зима - ќе ви биде топло, а ќе изгледате префинето Модели на капути и јакни кои се хит оваа сезона - ако ги немате, сигурно ќе поса...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg