Летна пунџа од плетенка рибина коска (фото)

Рибината коска е класична фризура која бара само малку вештина, но ако ја модифицирате со само неколку прамени, ќе добиете сосема поинаква пунџа која го одзема здивот.

letna-pundza-od-pletenka-ribina-koska-foto-09

За да ја направите оваа фризура подгответе една четка, чешел, ластиче за коса, ситни шноли, лак и вешти прсти.

Започнете со тоа што главата ќе ја наведнете нанапред, добро ќе ја расчешлате и започнете да ја плетете плетенката, но овој пат не од темето, туку од вратот.

Додавајте по малку коса од страните, сè додека не го опфатите целиот долен дел.

letna-pundza-od-pletenka-ribina-koska-foto-01

letna-pundza-od-pletenka-ribina-koska-foto-02

letna-pundza-od-pletenka-ribina-koska-foto-03

letna-pundza-od-pletenka-ribina-koska-foto-04

Делот коса кој ќе остане пуштен на врвот на главата добро исчешлајте го и направете француска пунџа. Доколку имате мека коса супер би било да ја тапирате косата за поголема издржливост на фризурата.

letna-pundza-od-pletenka-ribina-koska-foto-05

letna-pundza-od-pletenka-ribina-koska-foto-06

Врвовите на косата кои не можете да ги соберете, како и самата пунџа прицврстете ги со мали црни шноли.

letna-pundza-od-pletenka-ribina-koska-foto-07

Од оваа фризура постојат голем број на модификации, бидејќи имате потполна слобода во тоа што ќе направите со горниот дел на косата - пунџа, репче, уште една плетенка или пак едноставно потфаќање со шноли.

Идеална фризура со која ќе изгледате уредно, а ќе се спасите од летните жештини.

letna-pundza-od-pletenka-ribina-koska-foto-08

Би можело да ве интересира:

Седа коса, брчки: Славните дами на Модната недела во Париз се доказ дека женската убавина е безвреме... Без разлика дали со некој килограм плус или седа коса на главата, познатите дами...
7 модели на чевли кои изгледаат богато, дури и ако се купени за малку пари Избегнувајте чизми со врвки, а кога бирате патики, земете предвид дека нежните н...
Бои на облека кои најмногу одговараат на бринети: 5 победнички опции Бои кои ќе ја истакнат вашата природна убавина и боја на коса, а со кои ќе изгле...
Исти фустани кои им стојат сосема поинаку на моделите и славните дами (фото) Од Кајли Џенер и Ема Вотсон, до Жилиет Бинош и Пријанка Чопра - некои фустани од...
8 модни трендови кои брзо се прославија, но уште побрзо исчезнаа Нападна шминка со многу коректор и впечатливи бои за коса, како розова – кои се ...
Модата „се враќа“ – Аутфити инспирирани од раните 2000-ти (фото) Минијатурни маички со принтови, впечатливи очила во дречливи бои, панталони со м...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg