Што кога кожата ќе изгори на сонце?
По неколку денови поминати на сонце, може да почувствувате силно чешање или да забележите лупење на кожата и изгореници. Во тој случај, овие 6 совети може да ја ублажат болката на изгорената кожа и да ја ревитализираат за само неколку часа.
Оладете ја кожата
Ако забележите дека кожата полека ви се лушти, задолжително оладете ја со туширање. Ладната вода ќе го забави процесот на лупење. Додека се туширате никако не го тријте телото со груби сунѓери. Доволно е само да се избришете со мек пешкир.
Хидрирајте се надворешно
По туширањето задолжително нанесете хидратантна крема со смирувачко дејство. Уште подобро ако најдете некоја крема со намена за регенерирање и ладење на кожата или пак одберете крема која содржи невен. Алое верата исто така е одлична за смирување на кожата.
Консумирајте доволно течности
Кога се изладивте надворешно, време е да си помогнете и од внатре. Испијте неколку чаши ладна вода за вашата кожа побрзо да се регенерира. Доколку забележите лупење и перутање на горниот слој - време е за 8 чаши вода дневно!
Избегнувајте го чешањето
По секоја цена треба да го избегнувате чешањето и гребењето на телото. Со тоа ќе си нанесете трајна штета на кожата. Ако почувствувате чешање, најдобро е да употребите коцки лед кои ќе ја омекнат и смират кожата.
Не ја лупете намерно кожата
Лупењето само ќе ве направи почувствителни на допир и пораздразливи. Наместо да подлегнувате под инфекции и болки, нанесувајте антибактериска крема на деловите каде што кожата самата паднала.
Превенција
Превенцијата е најдобар лек, а тоа сите го знаеме. Во моментот кога веќе кожата почнува да се лупи е премногу касно за нејзина нега. Обидете се секогаш да имате заштитен фактор на кожата, не заборавајте да се премачкате по излегување од водата и никако не ги заборавајте најмалите скриени места.