Без игли и конец: Од машка маичка до тренди фустан

Машкиот гардеробер безброј пати послужил како извор на инспирација за покривање на женската силуета. Ние ви претставуваме супер идеи како од обичната машка маичка да направите супер модерна туника или фустанче.

bez-igli-i-konec-od-maska-maicka-do-trendi-fustan-01

Не се потребни големи кројачки вештини, ниту некој посебен алат, само малку креативност и желба.

Потребен материјал: Машка маичка во било каква боја и било каква големина и ножици

bez-igli-i-konec-od-maska-maicka-do-trendi-fustan-02

Постапка 1: На предната страна на маичката исцртајте го новиот крој, а истото повторете го и на задниот дел како што е прикажано на сликата.

Вишокот материјал исечете го и ќе добиете две предни траки и една на грбот, која е потребно да ја пресечете на средина.

Предните две ленти заврзете ги, префрлете ги преку рамениците и заврзете ги со задните. И, тоа е тоа, вашата туника е подготвена за носење со кратки, лежерни шорцеви.

bez-igli-i-konec-od-maska-maicka-do-trendi-fustan-03

Постапка 2: Со креда означете го предниот дел од маицата и страничниот дел кој планирате да го пресечете. Не го фрлајте преостанатиот материјал, туку искористете го за да исечете една долга и тенка трака која ќе ви послужи како мини колан.

Со иста таква трака може да го соберете делот околу вратот. Погледнете ја сликата и сè ќе ви стане појасно.

Овој ефективен и необичен модел на фустан е готов за некоја минута и само чека да го искомбинирате со вашите омилени рамни сандали и впечатлив накит.

Би можело да ве интересира:

40 идеи за аутфити за матурантките кои не знаат што да носат Долги, свечени фустани, кратки, впечатливи фустани или покежуал варијанти со пан...
14 идеи како да комбинирате мини здолниште во септември 2024 (фото) Мини здолништата повторно се враќаат во мода, а овој септември, без оглед на тем...
32 идеи како да се дотерате за совршени Инстаграм фотки од плажа За да имате впечатлива фотка за Инстаграм од плажа (а да не сте во бикини), осве...
Што облекоа посетителите на втората вечер на Скопски моден фестивал 2024? (фото) Маја Панчева избра во спортско-елегантна комбинација, Моника Црнокрак се реши за...
Машката мода на Мет гала 2024: Од впечатливи фустани и уникатни креации до класични костуми (фото) Формула 1 возачот, Луис Хамилтон облече плашт над костумот, евровизискиот победн...
Парчиња накит кои ќе бидат вистински хит во 2024-та (фото) Накитот има посебна магија - ќе ви го дополни изгледот, ќе ви ја развесели секој...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg