Шорцеви во секоја модна комбинација

Кратките панталони веќе не се носат само кога станува збор за лежерни изданија, што уште еднаш се потврди и оваа сезона.

sorcevi-vo-sekoja-modna-kombinacija-01

Апсолутен летен хит ова лето се кратките шорцеви кои може да ги комбинирате наместо лелеавите здолништа, за различни намени и во различни стилови.

Комбинациите се носат со доза на софистицираност и женственост, и покрај тоа што се премногу кратки и откриваат голем дел од нозете, никогаш не може да делуваат вулгарно.

Ако се одлучите за некој од следниве модели, ќе бидете во склад со модата, но пред сè ќе се чувствувате повеќе од удобно.

Кратки шорцеви со висок струк

Овој модел е инспириран од ретро стилот и е совршен за жени и девојки кои го негуваат овој стил, а воедно и сакаат да го нагласат својот тенок струк. Шорцевите со висок струк се идеални за свечености, но и за дневни лежерни, како и официјални комбинации.

sorcevi-vo-sekoja-modna-kombinacija-02

sorcevi-vo-sekoja-modna-kombinacija-03

Кратки шорцеви со дезени и принтови

Оваа година во мода се материјалите со најразлични дезени и принтови, без оглед за каков мотив се работи. А кратките шорцеви во овој стил се идеални за лежерните прошетки покрај плажа, како и за дневното кафе со пријателите.

sorcevi-vo-sekoja-modna-kombinacija-04

sorcevi-vo-sekoja-modna-kombinacija-05

Одела со кратки шорцеви

Не морате неопходно да пронајдете одело кое вклучува шорцеви – може и самите да ја направите оваа комбинација. Ако работите на работно место кое ви дозволува ваков стајлинг, воопшто не се двоумете.

sorcevi-vo-sekoja-modna-kombinacija-06

sorcevi-vo-sekoja-modna-kombinacija-07

Кратки вечерни комбинации

Ако сакате да експериментирате со стилот и сакате по малку екстравагантни комбинации, кратките шорцеви во комбинација со жешки корсети и маички се идеални за летните забави.

sorcevi-vo-sekoja-modna-kombinacija-08

sorcevi-vo-sekoja-modna-kombinacija-09

Би можело да ве интересира:

6 есенски комбинации на бои со кои нема да погрешите Сте помислиле ли да комбинирате бургунди со црно или тегет со жолто? Оваа есен е...
Бисерите се накит на годината во 2024 – Кои Македонки го следат светскиот тренд? Дани Ѓуровска, Елена Најдоски, Бојана Скендеровска... Ова се некои од Македонкит...
Бон-тон правила за носење чанта што треба да ги знае секоја дама Малата чанта не треба да ја држите под рака, а чантата со две пократки прерамки ...
Девојка од Скопје со впечатлив моден стил - обожава црвен кармин и смели комбинации (фото) „Еден период купував само блузони, потоа само деловни комбинации, а последнава г...
Папучите UGG се хит кај македонските инфлуенсерки: Новиот тренд ги подели мислењата (фото) Нашите инфлуенсерки Александра Шијакоска и Маја Кикириткова објавија модни комби...
8 модели на сандали и влечки кои ќе бидат тренд ова лето Плетени, сандали со високи полни потпетици, влечки со златни и сребрени детали.....

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg