Кои бои одговараат на вашата кожа?
Треба многу внимателно да се одбираат боите на облеката или накитот бидејќи тие што не ви одговараат може да ве направат да изгледате бледо и уморно. За да изгледате енергично и свежо, одберете бои кои ја истакнуваат вашата кожа.
Ако имате кафени очи и светло кафена коса изберете виолетова боја. Темните тонови ќе ве направат да изгледате еднолично и затоа треба да ги избегнувате.
Ако имате сини очи носете долго сафирно ланче кое ќе ви ги истакне очите.
Ако имате темна кожа ви препорачуваме да носите облека со црвена рубин боја.
Ако имате црвена коса одберете ја смарагдната боја. Овие две комплементарни бои можат да креираат прекрасен ефект.
Без разлика каква е вашата кожа, постои една боја која сигурно ви одговара, а тоа е загасит кварц. Со изборот на оваа боја сигурно нема да погрешите.