Што открива неговиот костим за капење?
Облеката што ја носиме индиректно кажува многу работи за нас. Можеме да дознаеме многу работи за момците ако погледнеме какви костими за пливање носат на плажа.
Шорцеви во темна боја
Тој е традиционален и по малку конзервативен. Секогаш можете да се потпрете на него бидејќи е верен и искрен. Излегувањата со него нема да ви бидат посебно интересни, како и остатокот од врската.
Тропски дезен
Во вакво издание се појавуваат момците кои изгледаат како да не се грижат за многу работи. Тоа е во ред, но додека се на одмор. Спонтан е и сака работите да течат по својот тек.
Припиени шорцеви
Постои голема веројатност дека е опседнат со своето тело. Ако го носи овој тип на шорцеви тогаш сигурно има феноменално тело. Ако има време за тебе, тогаш не го испуштај од раце.
Шорцеви во неон боја
Вистинско изненадување е да видете маж во оваа комбинација, а баш заради тоа вашата врска ќе биде полна со изненадувања. Спонтан и забавен, секој ден со него ќе биде авантура.
Детски дезени
Тој е право дете. Добрата страна е што има смисла за хумор, но тој не е доволно зрел за сериозни, возрасни ситуации. Сигурно не сакате да бидете нечија втора мајка.
Шорцеви во женски бои
Ако шорцевите се со розе или виолетова боја тој најверојатно сака само да привлекува внимание. Голема е веројатноста дека е нарцис кој сака сите очи да бидат вперени во него.