Што откриваат за вас чевлите кои ги носите?

Дали знаевте дека мажите почесто се загледуваат во вашите чевли, отколку во вашите нозе? Сакале вие или не, тие најчесто донесуваат заклучоци врз база на вашите омилени чевли.

sto-otkrivaat-cevlite-koi-gi-nosite-1

Затоа, два пати размислете што ќе облечете на првиот состанок.

Скапи патики

Ќе помисли: „Таа е врвен спортист со милионски договор или некој кој често ќе ми плаќа пијалаци, вечера а може и нешто повеќе. Само се надевам дека не е премногу вообразена.”

Лесни спортски патики

Ќе помисли: „Среќно е омажена, има деца и очајна е во кревет. Ако не е се така црно, веројатно е само опуштена.”

Сјајни кожни чевли или чизми на висока потпетица

Ќе помисли: „Таа баш е заљубена во себе, но тоа така добро и стои.”

Ретро чевли

Ќе помисли: „Ооо некој има висок IQ. Изгледа дека прекрасно ќе си поминам со некој начитан и интересен, но веројатно не заработува премногу.”

sto-otkrivaat-cevlite-koi-gi-nosite-01

Црни чевли со ниска потпетица

Ќе помисли: „Хм.. Ова е некој кој има одговорна работа, добро заработува и ја сака класиката во модата. Само да не е премногу вообразена.”

Мокасинки

Ќе помисли: „Висока класа! Веројатно е израсната во златна средина и ги проценува луѓето површно.”

Старки

Ќе помисли: „Уште една љубителка на алтернативите. Ќе мора да одиме на концерти и свирки а ако ја прашам нешто за Жељко Јоксимович може сешто да се случи. Се надевам дека нема да забележи дека ми е малку здодевна.”

Чизми каубојки

Ќе помисли: „Ух, Амазонка! Тешко мене, иако, има нешто неодоливо секси во неа.”

Спортски сандали или римјанки

Ќе помисли: „Љубопитна е, авантурист и одлично се бакнува. Да, таа обожава мажи. Понекогаш може и премногу... Останува да откријам.”

Би можело да ве интересира:

8 модели чевли кои треба да ги имате за есен 2024 Мокасините со огромен ѓон заменете ги за поедноставен и минималистички модел, ка...
8 модели на чевли кои се соодветни за на работа (+ кои не треба никогаш да ги носите) Ако сте од оние кои истите чевли во кои излегуваат навечер, ги користат и за на ...
7 модели на чевли кои изгледаат богато, дури и ако се купени за малку пари Избегнувајте чизми со врвки, а кога бирате патики, земете предвид дека нежните н...
Чевли кои е подобро да ги заобиколите, дури и ако се на попуст Безличните балетанки веќе се демоде, а сандалите со врвци до колената или со про...
Чести модни грешки со кои (несвесно) си го уништуваме целиот изглед Долна облека која „ѕирка“, спортски чевли на свечени настани, слепо следење трен...
Модни трендови од раните 2000-ти кои денес изгледаат смешно Некои трендови никогаш не би сакале да се вратат, на пример здолништа преку фарм...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg