Летен бонтон
Поради високите температури треба да обратиме големо внимание на сопствената кожа и организам. Особено претпазливи треба да бидат хроничните болни (со висок притисок, дијабетес, аритмија, оние кои имаат преживеано срцев или мозочен удар), меѓутоа и сосема здравото тело може да страда заради високото зрачење.
Овие неколку работи ќе ви помогнат да го извлечете најдоброто од сонцето.
1. Избегнувајте го сонцето од 11 до 17 часот. Имајте во предвид дека сончевото зрачење во тој период е многу јако и опасно за вашето здравје, па затоа не излегувајте надвор освен поради некоја итна потреба.
2. Носете широки шешири, мачкајте се со крема со висок заштитен фактор и при секое излегување на плажа нанесете крема за сончање еден час претходно. Нанесувајте крема за сончање на секои два часа и задолжително после капење.
3. Носете светла, лелеава или памучна облека која е широка и удобна.
4. Во лето чести се стомачните тегоби (дијареа, повраќање,болки во стомакот, лесна вироза) па затоа храната треба добро да се чува и приготвува. Треба да се пази на јајца и на пилешкото поради салмонела и да се јаде сладолед од сигурни места. Мијте го овошјето од пестициди и мијте раце.
5. Сончевите УВ зраци се причина за брзо стареење и рак на кожата. УВЦ зраците не стигнуваат до Земјата, УВБ се канцерогени, а УВА предизвикуваат стареење на кожата, иако некои нови истражувања ги поврзуваат и со ракот на кожата. 50 проценти од меланомите се развиваат на неоштетена кожа, а 30-50% проценти се развиват кај трансформација на бемки.
6. Сончевите зраци се рефлектираат речиси целосно од површината на водата. Тие исто така продираат во водата до длабочина од 1 метар, како и низ чадорот и тендата па затоа често незаштитени горите. Имајте на ум дека секогаш на себе треба да имате било каква заштита.
7. Очите заштитете ги со очила кои го блокираат УВ зрачењето, кои ја апсорбираат сончевата енергија и ХЕВ зрачењето
8. На море честа е алергијата на кожа. Во овој случај најмногу помагаат облоги од вински оцет. Помешајте лажичка оцет и лажичка вода, натопете облоги со течноста и ставете ги на опфатените места со алергија. На тој начин за некој ден алергијата ќе се повлече.