Домашен пилинг
Солта и шеќерот можат да се употребат на многу други начини од нивната примарна употреба. Тие се идеални за правење на домашен пилинг за тело, кој ја прави кожата мека и сјајна.
Наместо да трошите пари на скапи и неприродни пилинзи, може едноставно да ги употребите домашните намирници за да направите домашен пилинг кој ќе ви одговара на вашата кожа.
Пилинг од банана
Кога бананите ќе потемнат, наместо да ги фрлите, употребете ги за пилинг. Во овој случај нема потреба од масло, се користат благодетите на бананата и на шеќерот.
Потребно е:
- Една банана
- 3 супени лажици шеќер
- ¼ лажица екстракт од ванила (по желба)
Измешајте ги состојките заедно со вилушка во сад. Смесата не треба да биде премногу течна, па затоа не треба да се меша многу. Доколку сакате да го употребите овој пилинг на вашето лице тогаш, изоставете го шеќерот. Додека се туширате нанесете ја смесата по телото и нежно масирајте. Измиете со топла вода.
Пилинг со кокосово масло
Кокосовото масло мириса прекрасно, а и неверојатно е за кожата. Овој пилинг е идеален за хидратација на кожата.
Потребни се:
- ½ чаша кокосово масло
- ½ чапа кафеав шеќер
- ½ кафена лажичка ванила
Измешајте ги состојките заедно. Нанесете ги на кожата, масирајте и исплакнете.
Пилинг за усни од шеќер
За меки усни, овој пилинг е вистинското решение. Измешајте јојоба масло или маслиново, со рафиниран шеќер. Додадете пеперминт или екстракт од ванила. Нанесете малку на вашите усни, а потоа можете и да го изедете.
Пилинг од лаванда
Лавандата и морска сол се одлична комбинација за вашата кожа.
Потребно е:
- ½ чаша морска сол
- Еретично масло по желба
- 1 супена лажица на сушена лаванда
- 16 капки еретично масло од лаванда
Прво се мешаат морската сол и масло, а потоа треба да се додадат другите состојки. Измешајте во еден голем сад. Нанесете додека се туширате и исплакнете.
Пилинг од лимон
Овој пилинг е одличен во утринските часови, бидејќи јакиот мирис од лимонот ги буди сите сетила.
Потребно е:
- ½ чаша морска сол
- ½ чаша есенцијално масло по твој избор
- Една лажица кора од лимон (може и по желба, портокал или цитрус)
Измешате ги состојките и нанесете додека се туширате, па потоа исплакнете.