5 чекори ве делат од заводлива фризура на плажа
Летувањето не треба да биде изговор да заборавите на својата фризура. И додека сте на плажа, вашата коса треба да изгледа средено и привлечно.
Со помош на следниве пет совети лесно ќе го постигнете посакуваниот брановиден изглед.
Шампон со додаток регенератор
Својот вообичаен шампон и регенератор заменете ги со еден производ. Така лесно ќе ја исчешлате косата откако ќе ја измиете, а вашите прамени ќе бидат меки и подготвени за обликување. Ви препорачуваме употреба на козметички средства богати со витамини, минерали и морски алги кои ја обновуваат и хидрираат косата.
Спреј за коса со морска сол
По обичното миење на косата, избришете ја со мек пешкир и исчешлајте ја со широк чешел. Пропрскајте малку спреј со морска сол, кој можете да го подготвите и сами.
Едно празно шишенце со распрскувач наполнете го ¾ со млака, обична вода. Додајте лажичка морска сол и лажица кокосово масло. Маслото е неопходно за косата да остане свежа. По желба може и да додадете малку гел за коса кој ќе ја одржи формата малку подолго. Затворете, промешајте и нанесете на неколку места.
Правилно сушете ја косата
Пуштете ја косата да се исуши по природен пат. Кога ќе биде речиси сува, издувајте ја со фен, инаку непотребно ќе ја горите.
Благо виткање
Најдобро е косата да ја извиткате со керамичка пегла за коса. Прамените завијте ги околу пеглата и задржете неколку секунди. Брановидните прамени ќе го освежат вашиот изглед.
На косата повторно нанесете од спрејот со морска сол
Кога ќе завршите со сите претходни чекори, на косата повторно нанесете од спрејот кој го подготвивте, но во мали количини за да не ја исправите. Со рацете поминете низ косата, разбушавете и по желба потфатете некои прамени.
За само 15тина минути подготвени сте за на плажа, без да се плашите дека изгледате неуредно.