Palazzo пантолoните се новиот летен тренд
Широките и неверојатно удобните пантолoни кои ги одбележаа седумдесеттите години, оваа сезона се враќаат на модната сцена. Овие удобни и лесни пантолoни совршено прилегаат на секој облик на тело, ги издолжуваат нозете, a го стеснуваат струкот.
Тие се совршен избор за лежерните летни изданија кога сакате да изгледате модерно, а сепак да уживате во леснотијата на материјалите.
Експериментирајте со дезените и одберете нешто што нема да остане незабележано.
За дневните комбинации одлични се цветните шари, додека за малку поелегантните денови неопходни ви се бели широки пантолoни. Во вечерните часови одлично изгледаат со тесна кошула или летен корсет и пар високи потпетици во силна, неонска боја.
Ова се нашите предлози како да ги носите palazzo пантолoните кога температурите ќе се зголемат...
-->
-->
|
-->
|
-->
|