Негувајте го лицето со млеко

Во текот на летото на нашата кожа и треба дополнителна нега. Сончевите зраци во комбинација со потта, можат да бидат многу штетни за кожата. Заради тоа е многу важно таа правилно да биде негувана. Освен често миење на лицето со ладна вода и негово хидрирање со соодветни креми, повремено е потребно да се употребуваат и одредени состојки кои се едноставни, но корисни.

neguvajte-go-liceto-so-mleko-1

Млекото е една од козметичките состојки кои можат да ја подобрат состојбата на сувата кожа. Млекото истовремено ја прави кожата хидрирана и затегната. Еве неколку ефектни начини како да се грижите за својата кожа користејќи млеко како главна состојка.

Млеко за миење на лицето

Миење на лицето со малку ладно млеко делува смирувачки и релаксирачки на вашето лице. Откако ќе се вратите дома, измијте го лицето само со вода, а потоа масирајте го лицето со ладно млеко околу 2 минути. Повторно исплакнете го и нанесете крема. Тоа ќе ја остави кожата хидрирана и чиста.

Млако за чистење

Наместо да користите вештачки млека за чистење на вашето лице, натопете малку памук во свежо млеко и со тоа избришете го лицето. Јасно ќе забележите траги од нечистотија на него. Потоа исплакнете со ладна вода.

neguvajte-go-liceto-so-mleko-2

Млеко и мед

Летната нега на кожа вклучува и употреба на мед. Промешајте мед и млеко и масирајте го лицето и вратот 10 минути. Исплакнете со ладна вода. Медот се бори против инфекции, акни и воспалувања на кожата, и ја прави мека.

Млеко и куркума

Помешајте млеко, куркума (индиски шафран), јогурт и малку ружина водичка. Оваа смеса употребете ја како маска за лице која ќе ви помогне да ги ублажите летните изгореници на кожата и да направите пилинг. Оставете ја оваа маска да делува околу 20 минути и исплакнете со ладна вода.

Млеко со авокадо и папаја

Мешавината од млеко и овошје е вистински начин да се грижите за својата кожа во топлите денови. Изгмечете овошје како авокадо, папаја или банана и додајте неколку капки млеко и сок од лимон. Нанесете ја смесата на лице и оставете ја да дејствува 20 минути. Исплакнете со ладна вода.

Би можело да ве интересира:

8 парчиња облека кои ни се омилени, но веќе не се во мода Фармерки „цевка“, широки палта, миди здолништа... иако ги обожаваме, веќе не се ...
7 модели на чевли кои изгледаат богато, дури и ако се купени за малку пари Избегнувајте чизми со врвки, а кога бирате патики, земете предвид дека нежните н...
Модата „се враќа“ – Аутфити инспирирани од раните 2000-ти (фото) Минијатурни маички со принтови, впечатливи очила во дречливи бои, панталони со м...
8 вообичаени грешки поради кои облеката и чевлите се уништуваат брзо и завршуваат во корпа за отпадо... Можеби звучи смешно, но пробајте го трикот со замрзнување на хулахопките пред да...
Високи чизми, волнени капчиња - Како соодветно да се грижите за зимската облека и обувки? Препорачливо е кожените ракавици да ги перете на рака - на сунѓер капнете неколк...
Златко Јовановски ја облече наследничката на империјата Swarovski: „Верувајте во чуда, бидејќи чуда ... „Сопственичката на брендот Swarovski носи моја креација. Драги пријатели, што и ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg