Подгответе ги стапалата за летото
Во летната сезона, важно е стапалата секогаш да ви изгледаат уредни особено затоа што носиме отворени чевли. Како да се погрижите за нив? Започнете со третман за омекнување, а на крајот не заборавајте да ги средите и ноктите.
Турпија за петици
Потопете ги нозете во вода со сол, па со турпија отстранете ја мртвата кожа. Какао путерот и маслото од јојоба ќе ги направат стапалата меки, а три свежи етерични масла ќе им дадат освежителен мирис.
Маска
И за стапалата постојат маски. Ако одберете некоја со глина, таа ќе ја прочисти кожата, а оние со есенцијални масла ќе ги направат посвежи.
Лосион за стапала
Се користи наутро затоа што тогаш повеќе одиме и стоиме, но и навечер за стапалата малку да се одморат, разладат, да се намали отокот и да се омекне тврдата кожа.
Пудра
Пудра за стапала против мирис не е нешто што треба да се избегнува или да се срамите поради тоа. Најдобри се оние кои содржат лимон или некои лековити билки.