Со природни сокови до убавина
Ако сакате да извлечете максимална количина витамини и минерали од овошјето и зеленчукот, тогаш најдобар начин е да си направите природен сок, бидејќи на тој начин организмот многу лесно ги апсорбира состојките.
Природните, овошни сокови се вистинска бомба полна здравје, а од секој вид овошје имаме различни придобивки.
Сокот од јаболко е одлично средство кое би требало да го користиме во борбата со ситните бори, испукана и сува кожа, воспаление на кожа и перут.
Кајсијата е овошје кое малку го подзаборавивме, но неговиот сок одлично делува ако имате егземи на кожата, ако кожата ве чеша или ако сте добиле сончеви изгореници.
Авокадото и неговиот сок на кожата и дава свежина и сјај, а сокот од банана ја храни кожата.
Сокот од краставица се покажал како добар во случаите кога настанува депигментација на кожата. Исто така, употребата на сок од краставица спречува појавување на акни, бори, митисери и сушење на кожата.
Гуава е овошје од чии провриени лисја се добива бистар сок, кој служи како природен антисептик.
Сокот од зелен лимон е навистина моќно средство за убава и здрава кожа. Тој и дава на кожата млад изглед, а помага и во борбата со акните. Познато средство е и за решавање на проблемот со масна кожа. Кога веќе си правите ваков сок, не е лошо да пресечете и две крукчиња зелен лимон и да ги ставите на вашите уморни очи. Зелениот лимон може да помогне во избелување на пеги и флеки на кожата.
Листовите од манго исто так аможе да се провријат и да се користат како антисептик. Сокот од портокал е одличен ако имате воспалени акни, а се користи и за отстранување лузни и црвенило на кожата.
Сокот од папаја – било да е портокалова или зелена се користи за отстранување на бели митисери, чирови и флеки. Ензимот од папајата, наречен папин се користи во кремите за лице заради својството на избелување на кожата.
Сокот од праска, освен што е превкусен, одличен е и за нашиот тен а од праска може да се направи и маска за лице која е ефикасна во борбата со борите.
Сокот од ананас е добар омекнувач за кожа, кој ја прочистува и подмладува сивата и сува кожа, а посебно е добар за грубите делови на кожата на лактите, колениците и петите.
Шипинките можете да ги искористите ако имате проблем со чиреви, акни или поткожни мозолчиња.
Јагодата може да се користи за регенерирање и тонизирање на кожата. Богата е со салицилна киселина, состојка која се наоѓа во многу креми кои се специјално направени за отстранување на акни. Сокот од јагода е одличен за фазата на пубертет.