Медени маски за лице

Медот изобилува со корисни состојки и ја прави вашата кожа неверојатно убава, нежна и здрава. Испробајте ги маските за лице со мед, домашно приготвени и нема да погрешите.

medeni-maski-za-lice-01

Додека ги нанесувате медените маски избегнувајте го пределот околу очите, кој може да го заштитите со крукчиња свежа краставица.

Она што е доста важно да го знаете, кога станува збор за медот е никогаш да не го зимате од тегла со метална лажица. Со самиот допир на медот и лажицата, доаѓа до јонизација и дел од металните честички се спојуваат со медот и се внесуваат во организмот. Затоа, за да ја избегнете можната штета, користете пластична или дрвена лажица.

За пилинг на лицето помешајте една супена лажица мед и половина шолја овесна каша, мелени бадеми и малку јаболков оцет. Навлажнете го лицето со мек пешкир, а потоа нанесете ја смесата. Кога смесата ќе се исуши, отстранете ја со истиот мек пешкир.

Направете маска за лице од мед и павлака. Промешајте ги овие две состојки рамномерно и нанесете ги на чисто лице. По 15 минути исплакнете со млака вода.

medeni-maski-za-lice-02

Сувата кожа која е склона кон лупење одлично е да ја лечите со маслиново масло и мед. Промешајте една лажица мед и една лажица масло и нанесете на чисто лице. Исплакнете  со млака вода по 20 минути.

Кожата која е склона кон создавање на акни ќе ја исчистите со банана и мед. Добро изгмечете половина банана и додадете една лажица мед. Нанесете ја маската и оставете ја да делува повеќе од 20 минути. Вашата кожа ќе добие неверојатен сјај.

За да ги избегнете сезонските пеги или депигментацијата, измешајте една матена белка со малку лимонов сок и една лажичка мед.

Би можело да ве интересира:

8 парчиња облека кои ни се омилени, но веќе не се во мода Фармерки „цевка“, широки палта, миди здолништа... иако ги обожаваме, веќе не се ...
7 модели на чевли кои изгледаат богато, дури и ако се купени за малку пари Избегнувајте чизми со врвки, а кога бирате патики, земете предвид дека нежните н...
Бои на облека кои најмногу одговараат на бринети: 5 победнички опции Бои кои ќе ја истакнат вашата природна убавина и боја на коса, а со кои ќе изгле...
Водич за момци со стил: 40 идеи што да облечете на матура Елегантен изглед со одело и кошула или покежуал со маичка, но и поопуштени, млад...
Високи чизми, волнени капчиња - Како соодветно да се грижите за зимската облека и обувки? Препорачливо е кожените ракавици да ги перете на рака - на сунѓер капнете неколк...
Модата „се враќа“ – Аутфити инспирирани од раните 2000-ти (фото) Минијатурни маички со принтови, впечатливи очила во дречливи бои, панталони со м...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg