Најубавите модели мајки и ќерки (фото)
Кој вика дека убавината и занимањето не е наследно? Овие светски познати убавици го докажаа токму спротивното со тоа што своите ќерки уште од најрана возраст ги пробија во светот на модата.
Први на листата се Синди и Каја Крафорд. Каја, благодарение на своето звучно презиме, својата кариера ја започна на само 11 години со реклами за Пепси, Ревлон и Версаче.
Ким Бесинџер која доживеа одлична слава на насловните страни од магазините во 1970тата година, сега се справува со манекенството на својата 17 годишна ќерка Ирланд. “Мојата мајка е пресреќна што успеав и постојано ме советува како да напредувам ” – изјавила младата Бесинџер.
Бившиот модел Буел беше откриена уште во тинејџерските денови, а подоцна во 1974 година се појави во Плејбој. Нејзината ќерка Тајлер на само 15 години започна да гради кариера за која изјави дека се случила сосема спонтано и природно.
Џери и Џорџија Меј се уште еден пар мајка и ќерка кои сосема спонтано ја започнале својата кариера. Младата Џорџија се прослави благодарение на 21-годишната ќерка на Мик Џегер, но до ден денес кариерата одлично и се движи во нагорна линија.
Уште 4 модели на следната страна...