Пролетни трендови – од црно-бели комбинации до разиграни бои
Пролетта е многу инспиративна за модните креатори, па затоа имаат и многу идеи. Некои од нив годишното време го гледаат како црно-бело, додека други сметаат дека пролетта „заслужува“ богат колорит.
Еве како модните куќи ја замислуваат пролетта:
DOLCE GABBANA
Познатиот моден бренд за пролетта препорачува елегантен градски стил Преовладуваат пастелни бои, додека некои комбинации се збогатени со темни нијанси.
Moschino
Познатиот бренд "Moschino" ни ги враќа боите. Нивната пролетна колекција се одликува со силни нијанси и смели комбинации.
Црно-белата комбинација "Moschino" ја гледа на овој начин. И ја предлага за навечер, заедно со впечатливо црвен кармин.
PRADA
"Prada" својата пролетна колекција ја опиша со зборовите – едноставност во облекувањето кое ја истакнува комплексноста на жената. Ова се иновативни предлози, едни од најинтересните во оваа сезона.
ANTONIO MARRAS
Прочуениот дизајнер Antonio Marras пролетта ја гледа во весели бои и цветови и дозволува да се носат најразлични дезени.
VALENTINO
"Valentino" за оваа пролет подготви колекција на вечерни фустани и свечени модели. Креациите им се наменети на дамите со истанчен вкус и стил.
ELLE SAAB
И овој креатор го инспирираше пролетта за дизајнирање на елегантни фустани. Особено е интересен изборот на бои и светкави апликации.
BALENCIAGA
Познатиот моден бренд "Balenciaga" престави колекција за млади, шик колекција, како контраст на пролетното шаренило.
BERSHKA
MANGO
Ваш фаворит?