Што открива дезенот на краватата за карактерот на мажот?
Ако сакате на прв поглед да го дефинирате мажот кој ви се допаднал, сега имате шанса. Проценете каква кравата одбрал да носи во моментот кога сте го забележале и одлучете се веднаш дали ви се допаѓа она што се крие во него.
Мажите кои носат кравата со цветен дезен се оптимистички и весели личности. Секогаш ќе ја пронајдат ведрата страна на нештата. Уживаат во секој ден кој доаѓа, а со проблемите не се замараат премногу. Тие не се обидуваат да направат сè одеднаш, туку сакаат кога работите се распределени и смирени. Од ваквите мажи може многу да се научи, посебно за животот и ставовите, а посебно околу избегнувањето на стресот.
Можеби веќе знаете и сте забележале дека лептир машни носат исклучиво јаките индивидуалци. Тоа се професори кои сакаат нешто да променат. Личности кои се научени да бидат поразлични и посебни од останатите. Претопување во масата едноставно за нив е нешто неверојатно глупаво и непознато, посебно кога станува збор за стилот на облекување. Секогаш сакаат да носат нешто со што ќе бидат забележани.
Најчесто мажите кои носат кравати со животински мотиви, без разлика за кое животно се работи, во нив се крие големо дете. На прв поглед тоа е тешко да го воочите, но по неколку минути дружење ќе ви стане јасно. Ако сакате да се забавувате и да не мислите на последиците, оваа личност може да ви биде доста интересна.
Доколку мажот носи кравата на пруги значи дека е перфекционист. Тој е личност која сака да поседува сè, како и секој можен момент да е однапред испланиран. Со него нема простор за спонтаност. Доколку ви се допадне ваков маж, бидете подготвени по кратко време да ја има испланирано вашата цела иднина, до детал. Припремете се и за претерана уредност и чистота која се очекува и од вас. Но, не заборавајте дека овие личности најмногу го ценат семејството и нивниот труд оди во тоа сè да функционира како што треба. Па, ако сакате да се почувствувате разгалено нема да погрешите со овој избор.
Мажите кои имаат кравата во една боја посветуваат големо внимание на својот надворешен изглед. Тие секогаш ја пратат модата и сè на нив мора да стои совршено. Бојата на краватата секогаш мора да е најмодерната нијанса на сезоната. Овој тип на маж знае како треба со жените, но немојте да мислите дека и тој ќе ве забележи ако носите фармерки со погрешен крој или жолта боја, а виолетовата е вистински хит.