Чоколадна маска за почиста кожа

Не верувате дека вашето омилено чоколадо може да ви помогне во борбата против акните?

cokoladna-maska-za-pocista-koza-01

Чоколадната маска се препорачува од врвни дерматолози доколку имате проблем со нечиста кожа и ситни акни по лицето. Чоколадото е полно со антиоксиданси, па затоа е идеален лек за несаканите промени кои се случуваат на кожата. Покрај тоа, какаото е полно со лековити својства.

Така што, доколку имате проблем со уморна, сува или нечиста кожа, задолжително испробајте го рецептот за оваа чоколадна маска.

Состојки:

  • 50 гр темна чоколада без шеќер
  • Две лажици слатка павлака со ниска масленост

cokoladna-maska-za-pocista-koza-1

Подготовка:

Стопете го чоколадото на пареа, за да не се направат грутки. Кога ќе биде растопено чоколадото, промешајте го со павлаката. Мешајте ја смесата на тивок оган, додека не добиете еднолична смеса.

Оставете ги чоколадото и павлаката да се оладат, а потоа нанесете ја смесата на лицето, вратот и деколтето.  Оставете да делува околу 20тина минути, исплакнете со млака вода и нанесете хидратантна крема.

Би можело да ве интересира:

8 парчиња облека кои ни се омилени, но веќе не се во мода Фармерки „цевка“, широки палта, миди здолништа... иако ги обожаваме, веќе не се ...
Предлог комбинации со омиленото парче за студените денови: Широк џемпер со ролка (фото) Им стои добро на буквално сите, а изгледа одлично со скоро сè – од фармерки, до ...
Златко Јовановски ја облече наследничката на империјата Swarovski: „Верувајте во чуда, бидејќи чуда ... „Сопственичката на брендот Swarovski носи моја креација. Драги пријатели, што и ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg