Дефинирајте го вашиот пролетен стил

Ако заглавивте во зимската потиштеност, итно ви е неопходна промена. Зашто да не ги искористите топлите денови за да блеснете во вашето најдобро издание?

definirajte-go-vasiot-proleten-stil-01

Освежувањето  на изгледот и не е така тешко, а со тоа многу лесно можете да им кажете збогум на дебелите јакни, зимските материјали и слоевитиот стил на облекување. Еве како наједноставно да го постигнете тоа:

Пронајдете ја вашата икона на стилот – Најпрво мора да имате модна муза, модна инспирација која што ќе ви помогне да откриете што сакате да ставите на себе. Ако вашата модна икона е едноставна жена, одбирајте и вие едноставни парчиња облека. Доколку вашата монда икона е ексцентрик, научете како да носите со ризичниот и екстравагантен стил.

definirajte-go-vasiot-proleten-stil-1

Испразнете ја козметичката торба – Пред да ја обновите шминката, ослободете се од старите препарати кои веќе не ги користите или чиј рок е одамна изминат. Така само ќе си ја олесните листата на потребни производи за нега и убавина и ќе потрошите помалку пари отколку ако не знаете што точно ви треба.

Фокусирајте се на кожата – Стиловите и трендовите доаѓаат и проаѓаат, но една работа засекогаш останува, а тоа е негуваната чиста кожа. Додека го менувате вашиот изглед, не заборавајте и да ги промените и третманите на кожата. Погрижете се секогаш да имате крема со заштитен фактор, минимум еднаш неделно да нанесувате маска и пилинг и секојдневно да ја чистите кожата со тоник.

definirajte-go-vasiot-proleten-stil-2

Подновете се со аксесоари – Изгледот може да го освежите единствено ако купите неколку тренди модни додатоци. Набавете си мини торбичка во силна боја, нови балетанки или потпетици, впечатлива огрлица или пак големи висечки обетки. Неверојатно е колку деталите го менуваат целосниот изглед.

Испробајте го омбре трендот – Без оглед на тоа дали ја менувате гардеробата, косата или ноктите, не го заборавајте омбре трендот. Одберете некое тенко џемперче чии бои се преливаат, направете си омбре маникир или пак осветлете ги врвовите на косата во овој стил.

definirajte-go-vasiot-proleten-stil-3

Променете ги рамките на очилата – Време е да ги промените очилата кои веќе ги носите неколку години, колку и да се квалитетни. Одберете очила за сонце со нестандардни, шарени рамки.

definirajte-go-vasiot-proleten-stil-4

Би можело да ве интересира:

Девојка од Скопје со впечатлив моден стил - обожава црвен кармин и смели комбинации (фото) „Еден период купував само блузони, потоа само деловни комбинации, а последнава г...
4-годишно момче од Скопје е модна инспирација на Инстаграм „Инстаграм профилот на Алексеј е креиран од неговото раѓање, а како растеше сам ...
8 парчиња облека кои ни се омилени, но веќе не се во мода Фармерки „цевка“, широки палта, миди здолништа... иако ги обожаваме, веќе не се ...
10 работи за плажа без кои модерните дами не одат на одмор Рибарската шапка сега е помодерна од класичните шешири, шик сандали наместо обич...
Седа коса, брчки: Славните дами на Модната недела во Париз се доказ дека женската убавина е безвреме... Без разлика дали со некој килограм плус или седа коса на главата, познатите дами...
7 модели на чевли кои изгледаат богато, дури и ако се купени за малку пари Избегнувајте чизми со врвки, а кога бирате патики, земете предвид дека нежните н...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg