Најубавите црнки икони на стилот - некогаш и сега

Од елегантните и префинети Афро-американки во минатото, до секси и привлечните дами на денешницата, тешко е да се одберат само неколку имиња кои ќе ја понесат титулата на икона на стил.

afro-amerikanski-ikoni-na-stilot-nekogas-i-sega-01

Модата и трендовите се менуваат, но не и поимот за стил и префинетост, па затоа овие четири дами лесно може да се каже дека се и повеќе од достојни за да ја понесат титулата.

Некогаш: Дајана Рос

afro-amerikanski-ikoni-na-stilot-nekogas-i-sega-1

Не постоела повпечатлива дама од Дајана Рос во диско ерата, во веселите седумдесетти. Таа се смета за многу влијателна личност која ги поставувала трендовите додека била дел од The Supremes. Нејзини заштитни знаци биле фустаните креирани според нејзиното тело, широките шешири, крзнените палта, пеплум ракавите и монистрите.

Сега: Бијонсе

afro-amerikanski-ikoni-na-stilot-nekogas-i-sega-2

Бијонсе долго тежнееше кон совршенството, за по седум години конечно да го достигне. Влијателна жена на денешницата, која навистина умее да се носи со славата. Покрај издадените четири албуми и големиот број неверојатни настапи, Бијонсе важи за една од највлијателните жени во модниот свет.

Некогаш: Џозефин Бејкер

afro-amerikanski-ikoni-na-stilot-nekogas-i-sega-3

Џозефин е попозната по тоа што не го носела, отколку по она што го имала на себе. Една од нејзините највпечатливи “комбинации” биле само неколку бисери, огромни светлуцави обетки и здолниште од банана која ја носела околу куковите. Таа често пати била опишувана како најсензационалната жена која некогаш е видена. Секогаш на граница на различните стилови, Бејкер стана икона на стилот која ја одбележуваат перјата, светлуцавиот накит и доста гола кожа.

Сега: Мишел Обама

afro-amerikanski-ikoni-na-stilot-nekogas-i-sega-4

Години наназад не се случило првата дама на САД да привлече толку внимание со своите модни избори. Многумина се воодушевени од фустаните кои ги избира, со потпис на помалку познати дизајнери, а сепак ги носи со неверојатна гордост. Мишел Обама важи за една од најголемите следбенички на модните трендови на денешницата, кои одлично ги комбинира со улогата која ја има во животот.

Би можело да ве интересира:

10 работи за плажа без кои модерните дами не одат на одмор Рибарската шапка сега е помодерна од класичните шешири, шик сандали наместо обич...
Седа коса, брчки: Славните дами на Модната недела во Париз се доказ дека женската убавина е безвреме... Без разлика дали со некој килограм плус или седа коса на главата, познатите дами...
10 пати кога ѕвезди избраа ист фустан: Изгледаат различно, а одлично Шарлиз Терон носеше ист фустан како Синди Крафорд, Никол Кидман и Аријана Гранде...
Бон-тон правила за носење чанта што треба да ги знае секоја дама Малата чанта не треба да ја држите под рака, а чантата со две пократки прерамки ...
9 модни детали кои додаваат години и поради кои изгледате постаро отколку што сте Здолништа до под колено, обувки со дебели потпетици, брошови - кои се најголемит...
Долги нозе, гради во преден план – Што облекоа познатите дами на ревиите од Модната недела во Париз? Кендал Џенер се појави закопчана до врат, а сестра ѝ Кајли носеше фустан со смел...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg