Со вака врзана кравата ќе постигнете оригинален изглед
Без оглед дали уживате во носењето на кравата или пак морате да ја носите заради работното место, едно е сигурно – мора да знаете како да ја врзете краватата.
Но, заборавете на дуплиот јазол. Ако сакате да бидете облечени по најновите модни правила, време е да научите како се врзува краватата на малку поинаков начин.
Ова се најновите модни трендови за врзување на краватите кои би требало да ги усовршите за следниот состанок или деловна вечера.
Елдриџ јазол – Јазол кој личи на плетенка, која совршено прилега на едноставна кошула и сако доколку сакате да ја разбиете монотонијата на изгледот.
Тринти јазол – Ако ја заврзете краватата на овој начин нема шанси да останете незабележан. Одлично изгледа доколку краватата е во силна, впечатлива боја.
Кејп јазол – Жените го обожаваат. Најдобро оди со еднобојни кошули и дезенирани кравати, а ако успеете да научите како се врзува комплиментите нема да престанат.