10 водечки модни трендови за пролет/лето 2013
Новите годишни времиња кои не очекуваат носат и нови трендови, а за да можете да ги пречекате спремни потоплите денови кои претстојат обидете се да се подновите со некои од овие 10 модни трендови.
1. Смарагдно зелена боја – Нијансите на тиркизната, ментол бојата и сите останати зелени нијанси се модерни веќе неколку сезони, но за потоплите денови се издвојува исклучиво смарагдно зелената нијанса.
2. Големи обетки – Уникатно парче накит кое ќе го надополни секој стајлинг.
3. Геометриски принтови – Ова лето геометриските принови ќе ги заменат цветните шари.
4. Металик бои – Металик боите и изгледот од иднината оваа сезона ќе ги носиме секојдневно.
5. Ленти за коса – Можеби модата на лентите и венчињата за коса никогаш не поминала, но оваа пролет носете ги повеќе од било кога.
6. Впечатливи очила за сонце – Се навикнавме да носиме големи очила кои ни го покриваат лицето, па затоа оваа сезона одберете големи очила во многу бои и шари.
7. Животински принтови – Животинските шари оставаат модерен впечаток, за разлика од змиската кожа и крзното.
8. Сакоа – Одберете повеќе сакоа во различни бои и дезени. Одлични се за секоја пригода.
9. Кожа – Кожните здолништа и тенки кожни јакни се водечки тренд оваа пролет, исто како и минатата.
10. Риги – Нема лето во кое морнарските риги не се сметаат за водечки тренд, па затоа ќе бидат доста модерен дезен и ова лето.