Тренд: фризури од 60-тите
60-тите години ги означуваат друштвените промени кога станува збор за жените. Од овој период останати се храбри и нови стилови на фризури.
Популарноста на сериите Момците од Медисон и Мед Мен повторно ги вратија овие години во мода.
Волуменот на косата и пунџите се главни карактеристики на фризурите, а може да ги побарате кај Брижит Бардо, Џеки Кенеди, Ракел Велч па дури и кај Ејми Вајнхаус која со својот стил го најавуваше враќањето на 60-тите години.
Популаризиран од Твиги, пикси стилот зрачи храброст, но во исто време и женственост, па кратката коса е во тренд и оваа сезона.
Џенифер Лопез, Викторија Бекам и многу други ѕвезди веќе го испробаа овој тренд.
-->
-->
|
-->
|
-->
|
|