Носете црвен кармин на повеќе начини
Ако сакате да носите црвен кармин во секојдневни прилики, навиткајте ги трепките, ставете малку маскара и посветла нијанса на сенка и ќе изгледате потполно природно! Овој изглед е идеален за прошетка низ град, за на работа, но и за романтична вечера.
Ако сакате да изгледате секси на вечерно излегување, користете поупадлива шминка. Неутралните тонови на сенки заменете ги со smokey eye стил со кој ќе ги нагласите очите. Размачкајте го тушот на рабовите на капаците, а потоа нанесете темна сенка во сива или кафена нијанса.
Секси изглед можете да постигнете така што наместо со сенка, очите ќе ги нагласите со густи, долги трепки. Повлечете црна линија со туш по работ на капакот, а потоа со маскара направете ги подолги и густи.
Класичен изглед можете да постигнете со нагласување на усните со црвен кармин, а на капаците нанесете неутрална сенка со боја на кожата.
Црвениот кармин може да изгледа и суптилно. Со светла нијанса истакнете ги усните, а очите нагласете ги со маскара. Ќе изгледате опуштено, природно и спортски без многу труд.