Лобутин повеќе не е во мода: Ова се чевлите по кои лудуваат ѕвездите
Изгледа дека помина времето на слава на Кростијан Лобутин, прочуениот дизајнер на чевли, чии модели владееја на црвениот тепих. Во сезоната на доделување на филмски награди водечките филмски ѕвезди го надополнија својот изглед со чевли од дизајнерката Шарлот Олимпија.
Софија Вергара, Џесика Честејн и Џулијан Мур се само некои од актерките кои за свечените прилики го одбраа новиот бренд на чевли – Шарлот Олимпија.
Оваа триесет годишна дизајнерка доживеа вртоглав успех откако минатата година го отвори својот прв бутик за чевли во Њујорк.
Таа претпоставува дека на ѕвездите им се допаѓаат нејзините чевли бидејќи потсетуваат на стариот холивудски гламур, а инспирирани се од четириесеттите години на минатиот век.
Во разиграните колекции секој може да си пронајде чевли по свој вкус, а за похрабрите дами тука се моделите со посмели детали.
Заштитен знак на оваа дизајнерка и логото на брендот е пајаковата мрежа.