Софистицирани зимски комбинации за мажи

Ниските температури не се никаков проблем доколку сакате да изгледате софистицирано и да се затоплите воедно.

sofisticirani-zimski-kombinacii-za-mazi-01

Слоевитиот начин на облекување е најдобар избор кога станува збор за дневните прошетки.

Обична маичка, тенок џемпер, интересно палто или уште еден дебел џемпер и на крајот дополнете го изгледот со интересна наметка или јакна.

Комбинирајте со обичен пар фармерки, без оглед на бојата и моделот, и многу додатоци. Шалот, ракавиците и капата се одличен избор за ветровито или снежно време.

Во вечерните часови истакнете ја вашата елеганција.

Малку потесни панталони од вообичаеното, во комбинација со кошула и палто или елегантен џемпер со висока јака е вистинската комбинација за секој вид на забава.

Зависно од пригодата, носете високи зимски чизми или пак необични зимски кондури. Повторно не ги заборавајте додатоците како шал, марама или ракавици.

Погледнете и неколку интересни модни предлози кои може да ви послужат како мала инспирација.

sofisticirani-zimski-kombinacii-za-mazi-1

sofisticirani-zimski-kombinacii-za-mazi-2

sofisticirani-zimski-kombinacii-za-mazi-3sofisticirani-zimski-kombinacii-za-mazi-4

sofisticirani-zimski-kombinacii-za-mazi-5

Би можело да ве интересира:

Плетен џемпер - парче облека кое мора да го имате оваа есен 2024 (фото) Оваа есен ништо не е пошик од плетениот џемпер, без оглед дали ќе купите нов или...
8 модни грешки поради кои веднаш ќе изгледате постаро отколку што сте навистина Можеби ви стои убаво, но кафеавата боја „додава години“. И ја следи репутација н...
Седа коса, брчки: Славните дами на Модната недела во Париз се доказ дека женската убавина е безвреме... Без разлика дали со некој килограм плус или седа коса на главата, познатите дами...
Смели модни комбинации во боја за дамите кои не сакаат да бидат како во униформа Дали во вашиот плакар има само класични, едноставни парчиња облека или доминираа...
8 најчести грешки поради кои и најубавите зимски обувки изгледаат нескладно Бел капут со бели чизми, миди здолниште што не ги покрива чизмите - ова се само ...
Бон-тон правила за носење чанта што треба да ги знае секоја дама Малата чанта не треба да ја држите под рака, а чантата со две пократки прерамки ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg