Совети за шминкање за жени со очила
И покрај очилата не значи дека не можете да бидете креативни кога е во прашање шминката.
Ова се неколку совети, како да изгледате подобро и кога носите диоптерски очила:
- За почеток, одберете рамка која ви стои добро. Следете ги трендовите и цените, но важно е вие да се чувствувате добро кога ќе ги ставите очилата на себе.
- Ако вашите рамки се темни, немојте да користите темни сенки или црн туш. Користете нешто потопли бои како светло кафена, беж, благо розова...
- Кога носите очила, немојте да стават многу слоеви на маскара затоа што ќе оставите спротивен впечаток од посакуваниот. Но, кога ја нанесувате, внимавајте добро да ги исчешлате трепките за да изгледаат природно, а густо.
- Погрижете се за подочниците. Тие доаѓаат повеќе до израз кога носите очила па потрудете се да ги покриете добро со коректор.
- Не заборавајте на руменилото. Она што ќе му даде на вашето лице свеж изглед е токму руменилото кое треба да го комбинирате со сјај за усни во иста боја.