Трикови за избелување на забите: 5 чекори до блескава насмевка
Блескаво бели заби и убава насмевка посакува секој, но не може секој да одвои средства за професионален третман на избелување. Ние ви откриваме неколку трикови со кои ќе постигнете одлични инстант резултати.
Белење на заби во домашна варијанта
Забите можете да ги избелите за две нијанси и самите со методата која функционира слично како и професионалната, но е многу поблага. Потребен ви е карбамид пероксид со јачина 10 до 16 проценти во облик на гел и сплинт, направа која личи на протеза и ја прават забните техничари. Изработката на сплинт не чини скапо. Во неа се става гел, се става на забите и се држи цела ноќ. Доколку имате чувствителна слузница, немојте на овој начин да ги избелувате забите.
Што почесто плакнете ја устата
Секогаш кога сте во можност, непосредно по јадењето плакнете ја устата. Тоа помага остатоците од храна и пигментацијата веднаш да се отстранат. Секогаш имајте при рака вода за плакнење уста со флуор. Со неа истовремено ќе ги исчистите забите и ќе го решите проблемот со здивот по јадењето.
Јадете свежа храна
Што почесто јадете јаболка, круши, јагоди, целер или морков. Било кое сирово овошје или зеленчук кое предизвикува лачење на плунка, помага да се уништат бактериите и ја одржува белината на вашите заби.
Трик шминка
Усните мачкајте ги со кармин или сјај кои визуелно создаваат ефект на бели заби. Во таа смисла најдобри се кармините со сини под тонови – розеви, црвени и со боја на слива. Ако имате жолти заби, немојте усните да ги мачкате со портокалови кармини , со нив забите ќе ви изгледаат уште пожолти.
Гумите за џвакање се прва помош
Кога четкичката за заби или водата за плакнење уста не ви се при рака, џвакајте мастики кои содржат ксилотол. Тој ги уништува бактериите во усната шуплина и во многу мали концентрации, а во мастиките го заменува шеќерот.