Пилинг на усни
Кожата на усните е многу тенка и нежна, а ги нема ниту масните жлезди што инаку ја подмачкуваат кожата на лицето.
Отстранувајќи го слојот мртви клетки со ексфолијација, ја ослободувате здравата кожа скриена под сувата површина.
Само по неколку минути еднаш неделно се доволни за да ги освежите усните, а најдобар ефект се постигнува со природни пилинзи што брзо се подготвуваат.
Иако пилинзи со сол се употребуваат за ексфолијација на телото, солта ја иритира чувствителната кожа на усните. Затоа пак основна состојка на пилингот за усни е обичниот бел шеќер, одличен во комбинација со природните хидратантни состојки како мед и маслиново масло.
1. Овошните киселини ги омекнуваат усните и помагаат подолго да се задржи ефектот од третманот. Пробајте некоја едноставна комбинација како: преполовете изладено зрно грозје и посипете малку шеќер. Поминете преку усните.
2. Помешајте лажичка шеќер со лажичка мед. Нанесувајте од смесата на усните со благ притисок во кружни движења. Отстранете со суво памуче и повторете по потреба.
3. Помешајте еднакви количини шеќер и мед, па додадете неколку капки маслиново масло во самата смеса. Со нежно триење исчистете го оштетениот слој од кожата на усните.
4. Во чинија со малку шеќер постепено додавајте маслиново масло додека не добиете смеса што ви одговара. Нанесувајте ја со нежно масирање.
За нанесување на пилингот и нежна масажа на усните може да користите четкичка за заби, само внимавајте да има помеки влакна.
По пилингот намачкајте ги усните со малку маслиново масло или со омиленото лабело.
Не заборавајте да пиете многу вода и да користите балзам за усни со заштитен фактор. Потоа само насмевнете му се на летото!