Мрежести балетанки се хит и ги гледаме насекаде – или ги сакате или ги мразите (фото)
Буквално нема средина – или ви се допаѓаат на прва и ги носите или не можете да замислите да ставите такво нешто на себе. Како девојките ги комбинираат проѕирните мрежести балетанки кои ги гледаме насекаде?
Иако класичните балетанки веќе некој период не се тренд, сепак за сезона пролет-лето 2025, се вратија во мода моделите со ремче.
Но, ако сте прошетале по продавниците, веројатно сте ги виделе и мрежестите модели, кои очигледно ќе бидат хит сезонава.
Mango, Zara, Steve Madden - речиси секој бренд има направено по неколку модели на балетанки кои се мрежести и проѕирни.
И дефинитивно, не се за секого - едноставно, или ви се допаѓаат и ги носите, или ги мразите и осудувате.
Како девојките ги носат и комбинираат овие модели?
M. M. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





