Широки фармерки, палта, необични очила: Каков е стилот на Тамара Тодевска кога не е на сцена?
Модниот стил на Тамара Тодевска на сцената и во приватниот живот не се разликува многу. Како се облекува таа кога не настапува?
На сцената Тамара секогаш изгледа впечатливо, без оглед дали носи долг фустан, панталони или комбинација со секси корсет. Што и да облече, никогаш не греши.
Изборот на облека за своите настапи најчесто им го доверува на врвни професионалци, стилисти и наши модни дизајнери, но и познати брендови.
Но, надвор од сцената пејачката преферира полежерен стил - патики, искинати широки фармерки и тексас јакни, долги широки фустани или здолништа, а обожава и комбинации од панталони со палта.
Тамара е љубител и на чизми, претежно рамни со голем ѓон, но и на сандали со високи потпетици.
И сето ова го дополнува со интересен накит и многу необични очила.