Игра на љубов и уметност
Solange Azagury-Partridge е дизајнерка на накит чии необични модели би биле идеален подарок во месецот на љубовта. Првото парче што Solange го...
...има направено е нејзиниот веренички прстен во 1987 година, а оттогаш има дизајнирано најразлични линии накит и соработувано со низа звучни имиња од светот на модата, a креации со нејзин потпис носат и ѕвезди како Ема Вотсон, Ријана, Џенифер Анистон, Натали Портман и Мадона.
Накитот на Solange се изложува и во музеите низ Европа, а успехот на овие дела се должи на необичната спојка на детска и наивна инспирација со софистицирана изработка од скапоцени материјали.
Ние ви ги издвоивме најпопуларните парчиња, како накит и манжетни во форма на усни или прстен-панделка, што би биле одличен подарок за Денот на вљубените, но само за ретките што можат да си ги дозволат.
Прстените-усни од сребро се околу 1.000 фунти, а пак оние од злато и драгоцени камења достигнуваат цена од 7.000 фунти!
Златниот двоен прстен со рубин „Скршено срце“ е дел од изложбата на декоративна уметност во Лувр.
З.П. | Црнобело