Модни парчиња и додатоци што жените со добар вкус ги избегнуваат сезонава (и што носат наместо тоа)

Розови аутфити и многу големи очила - кои модни додатоци и облека излегуваат од мода сезонава?

modni-dodatoci-shto-zhenite-so-dobar-vkus-gi-izbegnuvaat-sezonava-i-shto-nosat-namesto-toa-01.jpg

Жените што секогаш се во тренд и што сакаат да се облекуваат модерно секоја година го надополнуваат својот гардеробер со нови парчиња облека и нови додатоци.

Но, постојат работи што жените со добар стил нема да ги купат без разлика дали се во мода, а ако ги поседуваат ќе ги скријат некаде длабоко во гардероберот и ќе ги заборават.

Кои парчиња облека и модни додатоци треба да ги избегнувате сезонава?

Големи очила

Класичните очила во облик на мачкини очи веќе не се во мода.

Сезонава модерни се модели кои се малку потесни и благо закосени. Исто така, модерни се очила со рамки во боја (особено црвени) и со стакла во боја.

Најхрабрите може да се одлучат за футуристички модели на очила со необична форма.

modni-dodatoci-shto-zhenite-so-dobar-vkus-gi-izbegnuvaat-sezonava-i-shto-nosat-namesto-toa-02.jpg

Монохроматски тонови

Иако облеката во монохроматски тонови се смета за класика, сезонава предност им се дава на шарените фустани и аутфити во пастелни бои.

Исто така, во мода е и облека со риги и животински принтови, а најхрабрите дури и ги комбинираат овие дезени.

modni-dodatoci-shto-zhenite-so-dobar-vkus-gi-izbegnuvaat-sezonava-i-shto-nosat-namesto-toa-03.jpg

Панталони

Класичните панталони сезонава ќе бидат заменети со ултра кратки шорцови. Не е важен материјалот од кој се изработени, па така што ќе можеме да гледаме шорцови од кожа, тексас, твид, памучни, свилени...

Ако не сте подготвени за ултра кратки панталони, тогаш може да носите капри панталони од тексас или други материјали.

modni-dodatoci-shto-zhenite-so-dobar-vkus-gi-izbegnuvaat-sezonava-i-shto-nosat-namesto-toa-06.jpg

Розови аутфити

Минатата година светот беше зафатен од таканаречената Барби треска, па розовата боја ја гледавме насекаде, но годинава таа е заменета со светлосина нијанса.

Во овие тонови можете да најдете секакви парчиња облека - здолништа, блузи, маици и кошули - а најдобро е да ја комбинирате со црна, бела или црвена облека.

Уште помодерна е кобалтно сината нијанса, која ќе ја гледаме насекаде сезонава.

modni-dodatoci-shto-zhenite-so-dobar-vkus-gi-izbegnuvaat-sezonava-i-shto-nosat-namesto-toa-09.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

8 парчиња облека кои ни се омилени, но веќе не се во мода Фармерки „цевка“, широки палта, миди здолништа... иако ги обожаваме, веќе не се ...
8 парчиња летна облека кои мора да ги имате во својот плакар Секоја жена во својот плакар треба да има бел фустан што ќе може да го носи во с...
7 парчиња летна облека кои изгледаат подобро на куклите во излог, отколку на нас Плетени парчиња летна облека, капри панталони - што изгледа подобро на куклите в...
Модни парчиња кои ќе бидат тренд за зима 2024 (и треба да ги купите веднаш) Јакна „шал“, впечатливи ракавици и џемпери со сите бои на нив... Што ни носи зим...
8 модни грешки поради кои веднаш ќе изгледате постаро отколку што сте навистина Можеби ви стои убаво, но кафеавата боја „додава години“. И ја следи репутација н...
Облека и модни додатоци кои се секогаш тренди (и треба да ги имате во гардероберот) Морнарски маички (или џемпери) и црн кожен колан – некои парчиња и модни додатоц...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg