Модата на првата вечер од Скопски моден фестивал 2024: Што облекоа посетителите? (фото)
Сергеј и Давид Мукка беа момците кои привлекоа најмногу внимание со изгледот, Моника Црнокрак елегантна со розови детали, а светски изгледаа и Иларија Кирилов, Ксенија Деспотоска и Стефанија Кржеска.
Црно-бел дрес код беше задолжителен за присутните на првата вечер на Скопскиот моден фестивал. Би рекле дека 90% од посетителите го испочитуваа и апсолутно се вклопија во идејата на организаторите.
Не изостанаа и впечатливите модни додатоци – елегантни шапки, чанти и блескав накит.
Вчера (03.04.2024) се одржа отворањето на Skopje Fashion Festival (Скопски моден фестивал) кој годинава ќе трае до 06.04.2024, а се одржува на приземјето во Diamond Mall.
Брилијантната Ивана Кнез со својата јубилејна ревија ги освои срцата на сите посетители. Ревијата беше навистина светска, а дизајнерката никогаш не разочарува со своите храбри модели.
Вечерта ја заокружи уметничкиот настап на Бојан Ковски.
Од класични аутфити до храбри детали, гостите оставија впечаток со разни модни изданија.