8 модни грешки поради кои веднаш ќе изгледате постаро отколку што сте навистина
Очила со темни рамки
Светлите (метални) рамки на очилата прават да изгледате постаро и изморено.
Затоа, изберете очила со црни или тегет рамки кои даваат помладешки изглед.
Соодветен избор на долна облека
Тајната на тоа како ви стојат некои панталони зависи и од обликот на вашето тело, и од моделот на панталоните, но и од долната облека што ја избирате.
Затоа, секогаш кога излегувате од дома носете долна облека која нема дебели рабови и чии линии не се исцртуваат преку алиштата.
Изберете соодветен накит
Ако решите да ставите бисерен ѓердан, тој веднаш ќе додаде неколку години на вашиот лик.
Но, ако изберете модерна верзија на бисерен ѓердан - комбинација од помали и поголеми бисерчиња или комбинација од бисерен ѓердан со златно синџирче - визуелниот впечаток е веднаш подобар.
Не ги игнорирајте ремените
Ако носите широка облека, таа визуелно ќе ви додаде неколку килограми, но и неколку години.
Затоа, и кога избирате широки парчиња, комбинирајте ги со ремен, кој ќе го нагласи вашиот струк и ќе ви даде помладешки изглед.
А. Ј. | Црнобело