9 модерни парчиња облека кои ќе ги заменат ретро моделите во вашиот плакар
Металик боите се враќаат во мода, розовата боја и Барби трендот заминуваат во историјата и на нивно место доаѓаат црвените нијанси, првенствено бојата на вишна. Кои модни трендови ќе ги заменат досегашните?
Пред почетокот на пролетта, кога правите промена на гардеробата, па ја собирате зимската облека, а ги вадите потенките парчиња, време е да се ослободите од моделите кои се застарени и да ги замените со нови, помодерни.
Секако, ова не значи дека треба да фрлите сè и да купите потполно нова гардероба, туку дека можете да купите 1-2 нови парчиња и да ја освежите гардеробата.
Кои модерни парчиња ќе ги заменат старите, кои се во скоро ист стил, но не се веќе тренд?
Фармерки со висок струк и широки ногавици
Изминатите години во мода беа фармерки со низок струк. Иако беа популарни, тие им стоеја одлично само на слабите, високи девојки, а ниските девојки визуелно ги правеа уште пониски.
Оваа година во мода се враќаат фармерките со висок струк и рамни (или широки) ногавици, кои визуелно ги издолжуваат нозете.
Струкирани палта
Широките палта оваа сезона се „аут“. На нивно место доаѓаат струкираните палта, кои ја нагласуваат половината.
Металик бои
Ако минатата година металик боите требаше да ги комбинирате со облека во посмирени тонови, оваа сезона тие се вистински моден тренд.
Според стилистите, можете да комбинирате дури и златни со сребрени металик парчиња облека заедно.
А ако сакате посмирен изглед, тогаш комбинирајте металик парчиња со фармерки или облека од вештачка кожа.
Нијанса на вишна
Барби трендот е зад нас, па на местото на розовите нијанси доаѓа црвената боја. Најпопуларна од сите ќе биде нијансата на вишна.