Која е младата грофица што ги засени и најубавите жени на Модната недела во Милано?
Модните експерти за неа велат дека во стилот наликува на Грејс Кели, но со модерен, бунтовен пресврт.
Инфлуенсерката со сина крв, која поседува силна харизма и шарм, е практикантка во Dior.
Уште на првиот ден од Mодната недела во Милано, кога се појави во првиот ред на ревијата на Антонио Марас, беше забележана од експертите во модниот свет.
На овој настан се појави во необичен, но совршен фустан во стилот на 1950-тите, кој го искомбинира со црна сламена шапка и долги црни кожени ракавици.
фото: Vogue Italia
Модните професионалци не останале рамнодушни на неа, особено кога истиот ден попладнето имале можност повторно да ја видат, овој пат во првиот ред на ревијата на Del Core.
На ова ревија носеше црн фустан од тантела кој одлично ја истакнува фигурата.
Него го искомбинирала со класични црни чизми и очила за сонце.
фото: Vogue Italia
За Лара Козима, Милано е веќе третата станица во модните престолнини за 2024 година.
Пред да слета во Италија, таа беше во седиштето на високата мода - Париз, како и на Модната недела во Лондон.
И таму ги воодушеви сите со изборот на гардероба и модни детали.