Работи што ги носиме погрешно во зима (без да размислиме за последиците)
Кожена чанта
Иако кожените чанти се отпорни на вода, студот и влагата може да го уништат материјалот.
Пред да излезете од дома со омилената чанта, премачкајте ја со средство за заштита на кожа, кое нема да дозволи таа да испука.
Чорапи
Памучните чорапи треба да ги избегнувате во зима, бидејќи памукот ја апсорбира и задржува влага, а кога ќе ви се „намократ“ стапалата, почнува да ви студи.
Затоа е препорачливо да носите волнени чорапи кога ви е многу ладно.
Очила за сонце
Очилата за сонце не треба да се носат само во лето, туку и во зима, особено кога сте на снег, а времето е сончево.
Сончевите зраци се одбиваат од снегот и светлината се рефлектира, па може да им штети на очите.
Со очилата за сонце ќе ги заштитите и од УВ зраците и од светлината која понекогаш може да пречи.
А. Ј. | Црнобело