Модни трикови: Како Французинките изгледаат елегантно (дури и со лежерна облека)?
Синтетички парчиња
Дамите во Франција преферираат квалитет отколку квантитет, па затоа избираат облека од природни материјали, која е поскапа, наместо поевтини синтетички парчиња.
Во нивните плакари доминираат парчиња од памук и лен.
Не носат тренерки надвор
Никогаш нема да видите Французинка по тренерки на улица, дури и да е само „до продавница по леб“.
Според овие жени, тренерките се за во сала за вежбање или за дома, но не и за излегување на улица.
Впечатливи шапки
Французинките носат шешири, но не и спортски капчиња.
Мали чанти
Малите чанти се избор на Французинките за секој ден.
Големи чанти носат само кога одат на плажа или во маркет.
Рамни чевли
Кога купуваат чевли, избираат рамни модели без потпетица, кои се удобни, но и лесни за движење.
А. Ј. | Црнобело