Модни трикови: Како Французинките изгледаат елегантно (дури и со лежерна облека)?
Црни наместо проѕирни хулахопки, долна облека од тантела... Што можете да ископирате од стилот на Французинките за да изгледате елегантно, дури и во полежерни комбинации?
Французинките се синоним за стил, па дури и наједноставните комбинации на нив делуваат префинето и впечатливо.
За разлика од повеќето жени во светот, тие имаат поинакво чувство за мода, а малиот црн фустан не е единственото шик парче облека што го поседуваат.
Што можете да ископирате од стилот на Французинките?
Едноставен накит
Французинките не сакаат масивен или премногу светкав накит.
Нема да ги видите да носат големи пластични алки или огромни обетки со светкави камчиња.
Тие преферираат златни синџирчиња со приврзок - преку ден не привлекуваат многу внимание, а навечер совршено го дополнуваат изгледот.
Не носат хеланки
Хеланките се само за вежбање, но не и за излегување. Според Французинките, тие визуелно ги здебелуваат нозете и не делуваат привлечно за око.
Дури и кога носат долга туника, не ја комбинираат со хеланки, туку со најдебелите хулахопки.
За Французинките е неприфатливо и хеланки да се носат со кратка маичка, оти така се гледаат колковите и бутовите.
Здодевна долна облека
Французинките секогаш избираат впечатлива долна облека, а во нивните плакари доминираат парчиња од тантела.
Ваквата долна облека им ја зголемува и самодовербата.
Проѕирни хулахопки
Французинките не се големи љубители на проѕирните хулахопки (или на доколенките).
Тие преферираат црни хулахопки, или да одат боси ако не е премногу студено.
Избледени фармерки и модели со дупки
Иако фармерките со дупки се модерни во целиот свет, Французинките ги избегнуваат.
Тие повеќе сакаат класични модели со рамни ногавици и потемни бои, кои може да ги носат многу подолго.