IKEA се потсмева на новото „здолниште“ на Balenciaga: „Купете пешкир и направете го сами“
Дали би платиле 925 долари за здолниште што личи на пешкир за туширање? Дури и IKEA се потсмева на новиот модел на Balenciaga.
По чантата која наликува на вреќа за ѓубре, и крокс папучите со високи потпетици Balenciaga лансираше нов производ кој наиде на постмев и критики.
Но, интересно е што меѓу најгласните критичари е шведскиот гигант IKEA кои направија своја кампања со која ѝ се потсмеваат на Balenciaga.
Имено, Balenciaga лансираше унисекс здолниште во кое ќе изгледате како сега да сте излегле од под туш.
Наликува на пешкир за туширање, а на него го има и логото на брендот, но се продава по цена од 925 долари.
Разликата меѓу здолништето на Balenciaga и обичните пешкири е во тоа што има две големини (мала и средна), а на појасот има и две копчиња за закопчувања.
Ова здолниште наиде на голем број критики на социјалните мрежи, а IKEA одлучи да направи своја кампања која е директен одговор на модниот бренд.
Така, на нивните профили на социјалните мрежи е објавена фотографија со модел што носи еден од нивните пешкири околу појасот, а до него пишува:
„Ново, VINARN здолниште пешкир – 16 фунти“.
Б. С. Б. | Црнобело