Високи чизми, волнени капчиња - Како соодветно да се грижите за зимската облека и обувки?
Фармерки
За среќа фармерките не треба да ги перете често.
Доволно е да ги исперете по 10 или 12 облекувања, кога ќе се „рашират“ од носење.
Фармерките можете да ги перете на рака или во машина.
Па, ако изберете рачно перење, ставете ги да отстојат 30 минути во студена вода со прашок, исперете ги, па оставете ги да отстојат во вода без средство уште околу 10 минути.
Кога ги перете во машина, секогаш превртете ги наопаку.
Ракавици
Препорачливо е кожените ракавици да ги перете на рака, така што ќе ги ставите да отстојат во сад со вода.
На сунѓер капнете неколку капки оцет и потоа поминете со него преку ракавиците.
Ова ќе ги исчисти, но и ќе ги омекне.
Ракавиците можете да ги оставите во садот со вода преку ноќ.
Оставете ги да се исушат природно, на рамна површина (дури и тоа да потрае неколку дена), но никако не ги ставајте на радијатор или на сонце.
Високи чизми
За кожените чизми да изгледаат како нови подолго од една сезона, важно е да ги чувате соодветно.
Прво, изберете долга кутија за да не мора да ги преклопувате на половина, па на тој начин да ги оштетите.
Многу луѓе во чизмите ставаат весници за да ги држат исправени.
Сепак, подобро е да ги исправите со пластично шише, кое ќе ја задржи и формата на чизмата.
И не заборавајте да ги исчистите пред да ги тргнете настрана пред новата сезона.
А. Ј. | Црнобело